VIP Професионален тенис Вести

Ѓорческа ја доби првата ривалка во квалификациите на Ролан Гарос

17.05.2026

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во текот на следната недела ќе биде дел од квалификацискиот дел од женскиот турнир на Гренд слем турнирот Ролан Гарос во Париз. Таа во првата рунда од квалификациите ќе игра против Сузан Ламенс од Холандија.

Нејзината прва ривалка Ламенс има 26 години и се наоѓа на 124.место на ВТА листата и е рангирана како 17.носителка на квалификацискиот турнир.

Мечот ќе се игра утре (понеделник) како втор меч на теренот број 4. Почетокот на програмата на мечеви е во 10 часот. 

Оваа година Лина Ѓорческа имаше настап и на првиот ГС турнир Австралија опен.