Професионален тенис Вести VIP Main

Ивановски почна со победа на Челинџерот во Палермо

04.10.2026

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба и меч во три сета по 2 часа и 44 минути го совлада Италијанецот Џузепе Вела со 2-1 (64 57 64) во првото квалификациско коло на Челинџерот во Палермо. Ивановски одигра неизвесен и исцрпувачки меч за пласман во финалето од квалификациите каде утре ќе игра против првиот носител од квалификациите против Федерико Арнабалди, кој денеска одигра меч исто така во три сета и победи со 2-1 против Андреа Де Марчи.

Ивановски утре (понеделник) ќе се појави во првиот меч на програмата во 11 часот.

Ивановски го доби првиот сет откако веднаш направи брејк и сетот го доби со 6:4. Во вториот сет противникот на Ивановски успеа да изедначи откако го доби сетот со 7:5 во гемови, а во решавачкиот сет македонскиот тенисер направи брејк во 9. гем, а потоа ја искористи третата меч топка откако беше под постојан притисок.

Челинџерот во Палермо е од рангот 50 и се игра за награден фонд од 56.700 евра.