Професионален тенис Вести VIP Main

Ивановски „во дерби мечот на турнирот“ на стартот против на првиот носител Чепелев

29.06.2026

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Калин Ивановски во првото коло на ITF M25 MACEDONIAN OPEN 2026 ќе игра против првиот носител Андреј Чепелев. Секако ова треба да претставува и „дерби меч“ првото коло, но можеби и финале пред финалето особено што Ивановски на турнирот доаѓа со финале од неделата во Загреб. Чепелев во Загреб каде беше рангиран како втор носител во четвртфиналето загуби од Хрватот Божо Барун, кој потоа беше поразен од Калин.

Од другите македонски репрезентативци во првата рунда Стефан Мицов ќе игра против Полјакот Каспер Симковјак, додека Амар Хусеиновиќ за ривал го има Александер Вајс од Италија (носител број 6). Кристијан Јанев и Обрад Марковски ќе го чекаат исходот од крајот на квалификациите и во првото коло ќе играат еден од осумте тенисери кои ќе ги минат квалификациите како победници.

Резултати на македонските тенисери од денешното второ коло од квалификациите:

Горазд Србљак – Лоренцо Лети Месина (Италија) 2-0 (64 61)

Горјан Вукиќевиќ – Тадија Радовановиќ (Србија, 6 носител) 0-2 (36 26)

Максимилијан Алексовски – Жозеф Хернандез (Аргентина,8) (04 предаде)

Алексеј Стојановски – Максимилијан Борисов (Бугарија, 5) 0-2 (64 61)

Александар Трифуновски – Јаник Кастелново (Швајцарија,7) (06 02 предаде)

Ерион Незири – Ерик Владимиров (Бугарија) 0-2 (16 26)

Марко Алексовски денеска го играше и мечот од првото коло од квалификациите и постигна победа со 2-0 во сетови (62 60).

Денеска беше извршен ждребот и во конкуренција на двојки. Калин Ивановски ќе настапи заедно со Петар Јовановиќ од Црна Гора и во првата рунда ќе играат против Николас Бруна (Чиле) и Франциско Томас Гешвилд (Аргентина). Амар Хусеиновиќ ќе игра заедно со Роман Постолка (Чешка) против Владислав Орлов (Украина) и Каспер Симковјак (Полска). Кристијан Јанев и Стефан Мицов за ривали ги имаат Радослав и Васил Шандаров (Бугарија), Обрад Марковски и Горазд Србљак ќе играат против Иван Анхелов (Украина), Андре Мајнерц (Данска), Ѓорѓи Јанкуловски и Дарко Колевски за ривали ги имаат Никола Керемедџиев и Давид Симеонов (Бугарија).   

OP 30 06 vtornik.pdf

MDS 1R.pdf

MDD 1R.pdf

QS 3R.pdf