VIP Професионален тенис Вести

Ивановски: Одиграв еден од најтешките мечеви

04.07.2026

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успеа да се врати во полуфиналето против Јанаки Милев и да спаси две меч топки со тоа и да избори пласман во финалето.

-  Навистина е дека одиграв еден од најтешките мечеви во мојата кариера. Успеав да се вратам и да спасам две меч топки. Во план ми е да се вратам таму каде што бев и да се пласирам на Гренд слем турнир, кусо по мечот изјави Ивановски.

Во досегашната кариера Ивановски има играно на десет финалиња и има пет турнирски победи.