Професионален тенис Вести VIP Main

MACEDONIAN OPEN: Мечевите на Ивановски и Марковски од второто коло на програмата доцна попладне

02.07.2026

Двајца македонски тенисери успеаја да се пласираат во второто коло на турнирот што се игра во Скопје MACEDONIAN OPEN 2026. Поради должината на мечевите и задолжителниот одмор на играчите по мечот (ако играат истиот ден), македонските тенисери би требало доцна попладне да се појават на теренот.

Калин Ивановски, кој денеска чекаше речиси четири часа да го дознае противникот против Лиам Деликата од Малта ќе игра на теренот број 5, но не пред 17:30 часот под услов мечот што е пред нив на теренот да заврши.

Обрад Марковски, откако денеска околу пладне избори второ коло сега чека противник и ќе игра со подобриот од мечот Владислав Орлов и Никола Колјачев.

Во зависност од текот на мечевите кои се играат, ќе биде познато дали македонските тенисери кои треба да играат во двојки ќе се појават на терените во текот на денешниот ден.