Вести Репрезентативен настап VIP Main

МИ: Јанев поразен во првото коло, а македонските тенисери елиминирани во мешани двојки

25.08.2026

На првиот ден на Медитренаските игри во Таранто македонските тенисери се поразени. Во првата рунда Дејвис куп репрезентативецот на Македонија Кристијан Јанев загуби од Андреас Тимини од Кипар со 2-0 во сетови (62 и 62). Противникот и во двата сет успеваше до обезбеди предност која на крај му овозможи освојување на сетовите.

Во вечерната програма Сара Митевска и Јанев настапија во конкуренција на мешани двојки и го загубија мечот од поискусните тенисери Ралука Шербан и Елефтериос Неос од Кипар со 2-0 во сетови (64 62).

Од македонските тенисери настап ќе има репрезентативката во БЏК куп репрезентацијата на Македонија, Сара Митевска во женска конкуренција. Таа ќе игра против фаворитката Марта Матула од Грција.