VIP Професионален тенис Вести

Македонските репрезентативци ги очекуваат настапите на Медитеранските игри во Таранто

24.08.2026

Младите македонски тенисери и репрезентативци Сара Митевска (16 години) и Кристијан Јанев (18 години) ќе бидат дел од македонските спортисти кои настапуваат на Медитеранските игри. Сара и Кристијан се веќе во Таранто и одржаа неколку тренинзи, заедно со тренерот Кристијан Вангелов.

Македонските претставници се меѓу најмладите учесници на двата турнири, а противниците за првата рунда ќе ги добијат во текот на денешниот ден.

Мечевите ќе стартуваат од утре (вторник) и ќе се играат во попладневните часови.