Македонските тенисери Сара Митевска и Кристијан Јанев триумфираа на турнирот Ј30 Скопје – Поинтер опен 2026 (за тенисери и тенисерки до 18 години). Двајцата ги освоија победничките пехари на турнирот што изминатава недела се играше на терените на ТК Поинтер Тенис Парк.
Митевска на убедлив начин стигна до триумфот и сите мечеви ги доби со 2-0 во сетови и на петте меча загуби 22 гема. Во финалето успеа да ја совлада втората носителка Нор Кулеманс од Белгија со 2-0 во сетови (63 и 62). Во првото коло на тенисерката од Грција Јоана Менцелоу и препушти два гема (61 61), а во второто коло ја победи Ива Колев од Србија со 6:3 и 6:2 (идентично како во финалето). Марија Чалкова од Бугарија освои седум гема (63 64) во четвртфиналето, додека во полуфиналето ја победи Есенија Бејлокова со 6:2 и 6:1.
Кристијан Јанев во финалето оствари победа од 2-1 во сетови против вториот носител Богдан Мандиќ од Јужна Африка. Јанев поведе добивајќи го првиот сет со 7:5 во гемови, а вториот му припадна на ривалот со 6:4. Во решавачкиот сет беше 6:2 за Јанев. Македонскиот тенисер на патот до финалето најтежок противник имаше во првото коло кога Никола Ивасковиќ од Србија го победи со 2-0 (75 и 76(3). Во второто коло беше поуспешен од Бенџамин Смит од Германија со 6:3 и 6:2 во сетови, додека во четвртфиналето го совлада Алберт Иван од Романија со 6:2 и 6:1. За пласман во финалето Јанев, го совлада Марин Абаџиев од Бугарија со 2-0 во сетови (64 и 60).



