Македонската тениска репрезентација претрпе трет пораз во групата Б во рамки на Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот. На мечевите што се играат во Бања Лука македонскиот тим загуби со 3:0 од селекцијата на Јужна Африка. Ова беше трет пораз за македонската репрезентација.
Во првиот меч Јана Божиновска загуби од Изабела Кругер со 2:0 во сетови (6:0 и 6:1).
Голема борба и меч што траеше 135 минути одиграа Сара Митевска и Џени Ван Зил. Првиот сет македонската тенисерка го загуби во тајбрејкот – 7:6, а на поени беше 7:5. Неизвесноста во мечот продолжи и во следниот сет кога 15-годишната Сара одигра уште еден квалитетен сет, но нешто поискусната противничка го доби сетот со 7:5, а со тоа и мечот со 2:0 во сетови.
Во последниот меч во двојки за Македонија настапија Сара Митевска и Зара Зафировска и беа совладани од Алегра Ван дер Валт и Абигајел Валосо со 2:0 во сетови (6:4 и 6:3).
Во вториот меч од 4.коло Мароко го победи Египет со 2:1.
Утре во последниот дуел Македонија ќе игра со Мароко.
Фото: Милош Руњиќ