Професионален тенис Вести VIP Main

Приходко поразен во финалето на М25 турнирот во Козалин

02.08.2026

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Олег Приходко го загуби финалето на ИТФ турнирот во полскиот грда Козалин што се играше за награден фонд од 30.000 долари. Тој денеска е поразен од Португалецот Тиаго Переира со 2-0 во сетови (61 75) за 68 минути.

Во првиот сет Приходко поведе со 1:0 во гемови, но потоа ривалот направи серија од шест гема и поведе во мечот со 1:0. Во вториот сет беше изедначено до последниот гем немаше брејк, а во 12.гем Португалецот направи брејк и го доби сетот со тоа и мечот.

На патот до финалето Приходко ги победи во првото коло Лоренцо Берто (Италија) 2-0 во сетови, во второто коло беше поуспешен од домашниот тенисер Полјакот Адам Мајчрзак со 2-0 во сетови, во четвртфиналето го совлада шпанскиот тенисер Иманол Лопез Мориљо со 2-1 во сетови, а во полуфиналето го надигра првиот носител Даниел Михалски со 2-0 во сетови (61 64).

Следниот турнир Приходко ќе го игра по една недела во Куршумлијска Бања.