VIP Професионален тенис Вести

Ристовски ја пречека македонската хероина Лина Ѓорчевска по историскиот настап на Вимблдон

03.07.2026

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска организираше пречек за Лина Ѓорческа, која во понеделникот испиша историја и стана првата македонска тенисерка што настапи на гренд слем турнирот во Вимблдон.

Министерот Ристовски, како што е соопштено, ѝ честиташе на Ѓорческа за извонредниот успех и за историскиот пласман меѓу најдобрите светски тенисерки, нагласувајќи дека нејзиниот настап претставува момент на гордост за целата држава.

„Лина, да знаеш дека цела Македонија и сите нè направи многу горди и среќни. Ова што го направи е историски успех и доказ дека македонскиот спорт има луѓе кои можат да се натпреваруваат на најголемата светска сцена“ – истакна Ристовски.

Ѓорческа се заблагодари за поддршката, потенцирајќи дека настапот на Вимблдон претставува остварување на еден долгогодишен сон, но и дополнителен мотив за нови успеси во кариерата.

За време на средбата беше разговарано и за идните планови на Ѓорческа, како и за потребата од системска поддршка на индивидуалните спортови и создавање услови младите македонски спортисти да имаат можност да се развиваат и да настапуваат на највисоко светско ниво.

Во разговорот, министерот Ристовски нагласи дека успехот на Лина Ѓорческа претставува силна инспирација за целата млада генерација спортисти во Македонија, особено во индивидуалните спортови, каде патот до врвот често подразбира години лични откажувања, огромна дисциплина и континуирана борба без доволна институционална поддршка.

Министерството за спорт, се додава во соопштението, останува силно посветено на поддршка на секој спортист кој со својата работа, посветеност и успеси достојно ја претставува Македонија на меѓународната сцена.