Македонските тенисери по голема борба во дуелот за третото место и победата денеска против Црна Гора од 2-1 обезбедија враќање во Втората Светска група на Дејвис купот. По двете победи во групата против Косово (3-0) и Грузија (1-2) и поразот од 1-2 од домаќинот Моладавија, Македонија беше втора во групата и мораше во денешниот меч да стигне до победа. Тоа на македонските тенисери им успеа, откако Калин Ивановски го совлада Срѓан Кнежевиќ, а победа постигнавме и во дублот Ивановски и Олег Приходко против Петар Јовановиќ и Андреа Кривокапиќ.
Македонија натпреварувањето во Третата Европска група го заврши на третото место, зад Молдавија и Летонија.
- Мислам дека имавме многу добар тим оваа година. Лани исто така успеавме да имаме „промоција“, но се вративме во Третата Европска група (по поразот од Кипар) и сега повторно имаме „промоција“ пласман во Втората Светска група – одиме чекор нагоре. Првиот ден немавме среќа (против Молдавија), имавме неколку повреди и како минуваше неделата беше подобро и на крајот се што работевме даде резултат и играчите покажаа што значи како да се игра за државата, изјави селекторот на македонскиот тим Горан Шевченко.
Македонскиот тим на натпреварите во Кишињев настапија Калин Ивановски, Олег Приходко, Кристијан Јанев и Амар Хусеиновиќ.
Фото: Тениска федерација Молдавија


