Дипломатски турнир во соработка со МНР

May 5, 2023

Како дел од многуте активности за одбележување на јубилејната 70та година на Тениската Федерација на С.Македонија, на 7ми мај 2023 – недела, на тениските терени на ТК ЈУГ Скопје (Градски Парк, Скопје), во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, организираме Дипломатски турнир во тенис.

Учесници ќе бидат дипломатски претставници од повеќе држави (Словенија, Романија, Германија, Полска, Босна и Херцеговина, Соединети Американски Држави, Франција, Шведска, С.Македонија). Турнирот ќе започне во 09:30 часот и мечевите ќе траат до 15 часот.

Со овој настан официјално и започнува тениското лето 2023 година, кое ќе изобилува со интересни меѓународни натпревари и возбудливи мечеви.

Турнир двојки

План за играње

   

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани