Развоен камп до 12 год. и Развоен шампионат до 14 год. Анталија ITF/Tennis Europe

March 7, 2023

ITF/Tennis Europe настани во Анталија, Турција

Во периодот од 7-16 Март 2023 година во Анталија, Турција се организираат двата настани кои се во организација на ITF/Tennis Europe.

Во конкуренција до 14 години се организира Развојниот шампионат до 14 години на кој настапуваат Матеј Попов, Марко Алексовски, Сара Митевска и Миа Спировска а како капитен ги води нашиот Јуниорски капитен Круно Деспотовски.

Во конкуренција до 12 години се организира развојниот камп до 12 години како и развојниот шампионат до 12 години на него настапуваат Василиј Закоски и Ивана Божиновска а капитен на екипата е Тања Стојановска.

https://te.tournamentsoftware.com/tournament/9C9572AE-3369-4D04-9799-5DBE0AD76B70

https://te.tournamentsoftware.com/tournament/3345dec3-1993-4e4e-bae9-99d0dd6ede60

Сара 2ра на Развојниот шампионат до 14 години
Успех на нашите тенисери во Анталија, Турција на Развојниот шампионат до 14 години. Сара Митевска се пласираше во финалето во поединечна конкуренција каде загуби против 1от носител Зумра Балкан од Турција со резултат 6:2, 6:2. Матеј Попов го освои 4то место, Миа Спировска заврши како 15та а Марко Алексовски го освои 10то место. Во конкуренција на двојки Сара и Миа го освоија 3то место. Оваа недела продолжува Развојниот шампионат втора недела до 14 и Развојниот шампионат до 12 години кој за прв пат се одржува оваа година.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани