Македонскиот тенис доби ново име меѓу судиите на стол. Михаела Попова (24 години) се стекна со статус судија на стол со бела значка. Со името на Михаела, Македонија сега има вкупно четири судии на стол, кои можат да одговорат на барањата на организаторите и да судат мечеви кои се организираат во Македонија, па и ширум светот.
Попова во периодот од 7-11.март годинава успешно го мина школото што се одржуваше во главниот град на Франција и се стекна со статусот бела значка – судија на стол. Михаела е најмлада од македонските судии, а покрај неа како судии на стол сè уште: Зоран Поповски, Анета Павловска и Душан Костадиновски.
Попова е три години тениски судија, а тенис играла од својата 11. та година благодарение на нејзиниот повозрасен брат Душан, кој беше и тренер, а исто така поради него дојде и љубовта и да биде дел од судиите во тенисот.

