Професионален тенис Вести

Полуфинале во двојки за Стоилковска

09.05.2024

Магдалена Стоилковска заедно со Русинката Екатерина Козлонова изборија пласман во полуфиналето на фјучрс турнирот во Куршумлијска Бања во конкуренција на двојки. Македонско-руската комбинација во денешниот меч од второто коло забележаа победа од 2-1 во сетови (61 06 10-5 на поени) против Грете Гул и Ана Марија Тоттруп од Естонија за 56 минути игра.

Стоилковска и Козлонова го добија првиот сет со сигурни 6:1 во гемови, но во вториот сет беа убедливо надиграни и не освоија ниту еден гем. Во решавачкиот сет на поени беше 10:5 за Стоилковска и Козлонова, кои клучната предност ја направија откако поведоа со 7:0 на поени.

Утре во полуфиналето противнички ќе им бидат вторите носителки Теа Лукиќ од Германија и Наталија Сениќ од Србија.