Професионален тенис Вести

Пресврт победа за финале на Ѓорческа

09.08.2025

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра утре во финалето на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања. Таа со пресврт дојде до победата и финалето на турнирот што се игра за награден фонд од 30.000 долари. Ѓорческа ја совлада Дарја Астахова со 2-1 (26 62 64) за два часа и 22 минути игра.

Ова за Ѓорческа е второто финале во 2025 година. Првото го играше во Куршумлијска Бања и во финалето ја совлада Марта Матула од Грција.

Во првиот сет ривалката имаше комплетна контрола над резултатот и водство од 4:1 во гемови и сетот го заврши со 6:2 за водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет Ѓорческа покажа дека е решена да игра уште едно финале во Куршумлијска Бања и поведе со 4:0 во гемови за сетот да го заврши со 6:2 за 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет Ѓорческа по 3:3 во седмиот гем го направи решавачкиот брејк и дојде до посакуваната предност и сетот го заврши со 6:4 во гемови.

Ова беше трета победа за македонската тенисерка во третиот меѓусебен меч со Астахова.

Утре во финалето Ѓорческа ќе игра против првата носителка Мирјам Булгару од Романија, која со 2-0 во сетови ја победи Денислава Глушкова од Бугарија.