Дејвис куп репрезентативецот на Македонија Кристијан Јанев на доминатен начин без загубен сет триумфираше на турниот Интеко Опен 2025 што денеска заврши во Скопје. Тој во петте меча на турнирот постигна победи од 2-0 во сетови, а во финалето го надигра Војин Саџаковиќ од Србија откако му препушти само еден гем во мечот (60 61). Претходно во првото коло беше слободен, а во второто коло го победи Димитриос Мелисоглу од Грција со 6:3 и 7:5 во гемови. Во третата рунда го совлада Салдин Рама од Косово со 2-0 (64 64). Во четвртфиналето го елиминираше третиот носител Британецот Арчи Греј со 2-0 во сетови (62 61), а во полуфиналето беше поуспешен од вториот носител Романецот Лукас Милош со 2-0 (64 61).
Јанев имаше солиден настап и во конкуренција на двојки каде со Ерион Незири стигнаа до полуфиналето и беа елиминирани од тенисерите од Турција Емре Алтамиш и Берке Мухамер со 2-0 во сетови, кои на крајот беа победници во конкуренција на двојки.
Покрај Јанев и Незири оствари забележителен настап со две полуфиналиња, покрај тоа во двојки играше и во сингл конкуренција и по голема борба загуби од Саџаковиќ со 2-1 во сетови, а решавачкиот сет го загуби во тај брејкот.
Кај девојчињата финале во конкуренција на двојки играше Мила Јовановски, која заедно со Софија Дрозденко беа поразени со 2-0 во сетови (76 75) од романско-украинската комбинација Сара Косма и Никол Нерија.
Од утре стартува и четвртиот турнир во Македонија за тенисерки и тенисери до 18 години Ј30 Скопје, Pointer Tennispark Open 2025.
