VIP Професионален тенис Вести

Четиринаесет македонски тенисери во квалификациите на Macedonian open 2026

27.06.2026

Квалификациите на Macedonian Open 2026 турнир М25 Скопје стартуваат утре (недела), а во „костурот“ од квалификациите се најдоа 14 македонски тенисери во најголемиот дел младинци. Според ждрепката во првото квалификациско коло ќе има и три македонски „пресметки“:

Дарко Колевски – Горјан Вукичевиќ,

Матеј Попов – Алексеј Стојановски,

Ерион Незири – Максим Тренески

Другите македонски тенисери за ривали ги имаат следните противници:

Самоил Честовалиев – Марко Мариќ (Франција)

Марко Алексовски – Фидел Нвеке (Данска)

Игор Србљак – Александер Влахос (Полска)

Горзад Србљак – Рикардо Масиеро (Италија)

Александар Трифуновски – Алекс Хант (Нов Зеланд)

Максимилијан Алексовски – Микита Фоменко (Украина)

Ѓорѓи Јанкуловски – Антон Марченко (Украина)

Борјан Ѓуковиќ – Сајмон Мунтвајлер (Швајцарија)

Мечевите од квалификациите утре (недела) ќе се играат на шест терени, а почетокот на првите мечеви е во 9 часот.