Дејвис куп репрезентацијата на Македонија е поразена од Кипар во мечот од Втората Светска зона откако денеска во првиот меч од денешната програма домашната репрезентација го доби мечот во двојки со 2-0 во сетови. Мелиос Ефстатиу и Елефтериос Неос и совладаа Стефан Мицов и Амар Хусеиновиќ со 2-0 (6:2 и 7:5). Во првиот сет тенисерите од Кипар успеаја да го добијат сетот со 6:2, додека во вториот сет беше неизвесно и единствениот брејк беше во последниот гем и Кипар со тоа го доби сетот со 7:5. За трета победа.
Во договор на двајцата селектори дојде со промена. За Македонија во првиот сингл меч денеска ќе настапи Кристијан Јанев против Николас Кембел, а во вториот сингл меч за македонската репрезентација ќе игра Марко Алексовски против Константинос Мегалемос.
По поразот Македонија во јуни месец годинава ќе игра во Третата зона.