Дејвис куп репрезентацијата на Македонија го загуби првиот меч од дуелот со Кипар во рамки на Втората Светска зона од Дејвис купот. Во првиот меч Мелиос Ефстатиу го совлада Амар Хусеиновиќ со 2:0 во сетови (6:2 и 6:0).
Ефстафиу ја потврди фаворитската улога и првиот сет го доби со 6:2, откако стигна до водство од 5:1, а во вториот сет беше убедлив без загубен гем го заврши сетот.
Во вториот меч играат Стефан Мицов за Македонија против Фотос Фотиадес. Мечот е во тек.