VIP Вести Репрезентативен настап

Дејвис куп: Косово е противник кој мора да се победи

10.06.2026

Македонската тениска репрезентација денеска (четврток) го игра вториот дуел од Третата Европска група од Дејвис купот. По вчерашниот несреќен пораз од Молдавија 1-2, денеска противник ни е Косово. Ова е репрезентација која е една од најмладите во ова натпреварување и почна да се натпреварува од 2016 година и првата победа ја постигнаа во 2019 година во 14.тиот меч.

Во меѓусебните мечеви Македонија има две победи против Косово во двата дуела во 2021 во Скопје (3:0) и во 2024 година во Улцињ (2:0), мечот во двојки не се играше.

Ланската година репрезентацијата на Косово ја заврши со победи во сите мечеви во Четвртата Европска група, но годинава во првиот меч беше убедливо совладана од Грузија со 3-0.

Дуелот против Косово е шанса за првата победа за македонските тенисери особено што резултатите од првиот ден покажуваат дека репрезентациите се изедначени.

Во второто коло покрај дуелот Македонија – Косово во вториот меч играат Молдавија – Грузија. Во групата А двојките се: Република Ирска – Азербејџан и Црна Гора – Летонија.

Фото: Тениска федерација Молдавија