VIP Вести Репрезентативен настап

Дејвис куп: МАКЕДОНИЈА се врати во Втората Светска група, совладана Црна Гора со 2-1

13.06.2026

Македонската Дејвис куп репрезентација избори промоција во Втората Светска група од Дејвис купот откако денеска во Кишињев во дуелот за третото место ја победи Црна Гора со 2-1. Решавачкиот поен македонските тенисери го освоија во играта на двојки каде Калин Ивановски и Олег Приходко ги победија Петар Јовановиќ и Алекса Кривокапиќ со 2-0 во сетови (76(4) и 62).

Во првиот сет немаше ниту еден брејк, а во тај брејкот македонскиот дубл направи „мини брејк“ за 3:1 на поени и со тоа ја имаше предноста во „13.гем“ и го доби со 7:4 на поени. Во вториот сет веднаш на стартот Македонија во вториот гем Ивановски и Приходко направија брејк и потоа во осмиот гем од сетот со уште еден брејк ставија точка на успешниот настап во Молдавија.

Претходно во првиот сингл меч Ивановски го победи Срѓан Кнежевиќ со 2-0 во сетови (62 и 64), додека Олег Приходко загуби од Петар Јовановиќ со 2-0 (64 75).

Ова беше седми меѓусебен дуел меѓу Македонија и Црна Гора и сега скорот е 4:3 за Македонија.

Во дуелот за првото место денеска Молдавија ја победи Летонија со 2:0, во мечевите за пласман Грузија го победи Азербејџан со 2:0, а Република Ирска беше поуспешна од Косово со 2:0.

Пласман во Втората Светска група изборија Молдавија, Летонија и Македонија, опстанок во Третата Европска група обезбедија Црна Гора, Грузија и Република Ирска, додека Косово и Азербејџан испаѓаат и се селат во Четвртата Европска група.

 

Фото: Тениска федерација Молдавија