Јуниорски тенис VIP Вести

Две финалиња за македонските претставници на турнирот Поинтер Опен 2026

08.05.2026

Сара Митевска и Кристијан Јанев се изборија за настап во финалето на турнирот Поинтер Опен 2026. Турнирот е за тенисери и тенисерки до 18 години, а Сара и Кристијан на убедлив начин стигнаа до финалниот меч во своите конкуренции.

Двајцата тенисери сите мечеви (секој победи по четири) ги добија со 2-0 во сетови, притоа Сара загуби 17 гема, а Кристијан имаше тежок старт и важна победа над Никола Ивасковиќ од Србија во првото коло со 75 и 76(3), додека на другите три меча на ривалите им препушти 12 гема.

Во финалето Сара Митевска, која е прва носителка ќе игра против Нор Кулеманс од Белгија (втора носителка), додека Кристијан Јанев (прв носител) за ривал го има Богдан Мандиќ од Јужна Африка (втор носител).

Почетокот на финалните мечеви е во 10 часот и се играат на терените на ТК Поинтер (зад СЦ „Јане Сандански“). Двата меча почнуваат во истовреме и се играат на два терена.