Јуниорски тенис Вести VIP Main

Двоен триумф на Марко Алексовски на турнирот во Улцињ

03.10.2026

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) ја продолжува успешната серија на настапи на турнири до 18 години. Тој оваа недела ја заврши со двојна победа на турнирот J30 Улцињ за тенисери до 18 години – триумфираше во сингл конкуренција и во игра на двојки со Скендер Катана од Црна Гора.

Алексовски во сингл финалето убедливо го победи Марко Брињоли од Италија со 2-0 во сетови (62 61), а во полуфиналето беше поуспешен од Љубен Хубенков од Бугарија (63 30) и противникот го предаде мечот, додека во четвртфиналето го загуби единствениот сет во мечот против Михаил Мичшенко од Казахстан 2-1 во сетови (61 46 62).

Во мечевите од групата Алексовски ги победи: Павле Вукосављевиќ од Србија (Црна Гора) 2-0 (63 63), Лука Сецански (Србија) 2-0 (60 60) и Раз Ти Поска (Италија) (75 62).

Во конкуренција на двојки ривалите Никша Смиљаниќ и Немања Тодориќ од Босна и Херцеговина го предадоа финалниот меч.