VIP Професионален тенис Вести

Ѓорческа: Кога си тука даваш 100% за да успееш

25.06.2026

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска го игра мечот на кариерата во 3.коло од квалификациите на Вимблдон (финале) противничка и е Лусија Бронцети од Италија (127.место на ВТА листата).

-  Прво имавме проблем со времето, во овие услови е тешко да се игра. Времето не беше лесно за нас, но на крајот сепак сум горда и среќна за победата. За мене лично доаѓам од мала земја и горда сум што сум единствената во историја (мажи и жени), ова за мене е остварување на сонот. За мене што доаѓам од мала држава не е лесно, на пр. тренинзи, услови, секако и пари. Но, кога си тука даваш 100% за да успееш, изјави за телевизијата на Вимблдон македонската тенисерка.

Ова ќе биде трет меѓусебен дуел на двете тенисерки, а скорот е 1-1 во победи. Двата меча беа решени во три сета и беа одиграни во 2021 година, а во Белинцона (Швајцарија) победи Бронцети, а во Москва (Русија) триумфираше Ѓорческа.

Мечот ќе се игра на теренот број 10, како втор од програмата која почнува во 13 часот по македонско време.