VIP Професионален тенис Вести

Ѓорческа го предаде полуфиналето во вториот сет на ИТФ турнирот во Порто

07.02.2026

Македонската тенисерка го предаде полуфиналниот меч на ИТФ турнирот Порто 50 против Американката Флона Кроули од САД во вториот сет при водство на противничката од 1-0 во сетови и предност од 3:0 во гемови во вториот сет.

Ѓорческа многу добро го почна мечот и поведе со 3:0 во првиот сет, но ривалката успеа да стигне до изедначување од 4:4, а потоа и 5:5. Серијата на освоени гемови за Кроули продолжи и таа го доби сетот со 7:5.

Во следниот сет Американката поведе со 3:0 во гемови, а Ѓорческа потоа го предаде мечот.

И покрај поразот во денешното полуфинале Ѓорческа ја очекува скок на ВТА ранг-листата, а следен настап по двата ИТФ турнира во Порто, треба да го има во Франција на ВТА тур.