VIP Професионален тенис Вести

Ѓорческа испушти меч топка и го заврши настапот на ИТФ турнирот во Загреб

10.06.2026

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка ИТФ фјучрс турнирот во Загреб, откако го загуби мечот од Екатерина Казинова со 2-1 во сетови (16 75 64) по два часа и 26 минути игра. Ѓорческа во вториот сет имаше и сет топка, но не успеа да ја искористи.

Мечот македонската тенисерка го почна одлично и првиот сет го доби со 6:1 во гемови откако водеше со 5:0. Во вториот сет при резултат 5:3 во гемови за македонската тенисерка, таа имаше меч топка која Казинова ја спаси и се избори за трет (решавачки) сет, откако вториот го доби со 7:5 во гемови.

Во решавачкиот сет руската тенисерка ја искористи трета меч топка, а претходно беше 2:2 и 4:4 во гемови.