Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби првиот меч сезонава на земјена подлога. Таа денеска во првото коло на ВТА 125 турнирот Дубровник опен загуби од шпанската тенисерка Лејре Ромеро Гормаз со 2:0 во сетови (63 63). Мечот траеше 75 минути.
Ѓорческа мечот го почна со брејк и водство од 1:0 во гемови, но противничката потоа направи серија од четири гема за водство до 4:1 и сетот го заврши со 6:3 во гемови. Во вториот сет противничката поведе со 4:0, а Ѓорческа успеа да намали на 4:3 во гемови, но не успеа да направи и целосен пресврт во сетот.
За учеството на ВТА 125 турнирот Ѓорческа освои еден поен.