Професионален тенис Вести VIP Main

Ѓорческа загуби во првото коло на ВТА 125 турнирот во Палермо

20.07.2026

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ВТА 125 турнирот во Палермо откако денеска во првото коло го загуби мечот со Ерика Андреева со 2:0 во сетови (62 60) за 82 минути. Двете тенисерки се наоѓаат една до друга на ВТА листата Ѓорческа (214.место) и Андреева (215.место).

Мечот беше решен во осмиот гем од првиот сет кога при сервис на македонската тенисерка беа одиграни 32 поена, а Андреева ја искористи 10-та сет топка.

Во вториот сет тенисерката од Русија имаше три брејка и сетот го доби со 6:0 во гемови.

Ѓорческа за учеството на турнирот ќе добие еден поен.

Следната недела македонската тенисерка е пријавена за настап на ИТФ 75 турнир во Хешингем, Германија.