VIP Професионален тенис Вести

Ѓорческа против Јапонката Хонтама на стартот од квалификациите на УС опен

24.08.2026

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе го има првиот настап на годинашниов УС опен. Таа во квалификациите ќе игра против Маи Хонтама од Јапонија. Хонтама има 26 години, таа е рангирана на 171.место на ВТА листата.

Ривалката на Ѓорческа најдобриот ранг го имала, кога била на 105.место (5.август 2024 година).

Мечот се игра како втор според денешната програма на теренот број 16, а почетокот на првиот меч е во 17 часот.