Јуниорски тенис VIP Вести

Грујиќ и Јилдиз победници на турнирот Поинтер Опен 2026

14.06.2026

Македонската комбинација Александар Грујиќ Селим Џемал Јилдиз се победници на турнирот Поинтер Опен 2026 за тенисери и тенисерки до 16 години. Тие во финалето ги победија Тим Максимилијан Фрајсе од САД и Вукашин Павловиќ од Србија. До победата во финалето стигнаа по голема борба откако противниците поведоа со 1-0 во сетови добивајќи го првиот сет со 6:2. Во следниот сет македонската комбинација успеа да изедначи откако го доби тај брекот со 7:6 и 7:5 на поени, а решавачкиот беа поуспешни на поени со 10-7.

Во машка конкуренција победи Патрик Стефан Добрин од Романија, кој во финалето го совлада Максимилијан Хајцик од Германија со 2-0 во сетови (62 63). Од македонските тенисери Андреј Темов беше полуфиналист, а Грујиќ четвртфиналист.

Кај девојчињата во сингл победи Хариклеа Зина од Грција, која во финалето ја совлада Зара Минева од Бугарија со 2-0 во сетови (64 61), а таа во двојки со сонародничката Христина Цевелеку освои уште еден пехар.

 

Од македонските тенисерки Лина Николовска беше четвртфиналистка, а заедно со Анасатасија Арсовска беа дел од полуфиналето.

Турнирот беше од категорија 3, а добар дел од тенисерите во текот на следната недела ќе настапуваат и на уште еден турнир во оваа возрасна категорија во Кавадарци на терените на ТК Црна Река.