Почитувани,

Ве известуваме дека во периодот од четврток, 26 февруари, до недела, 1 март 2026 година, во Скопје ќе се организира ITF курс за тениски судии – Национално ниво, за следните категории:

Сите заинтересирани кандидати потребно е да го пријават своето учество со доставување на следните информации по електронска пошта на: 📧 sudiskonatprevaruvacki@tfsm.mk

Задолжителни информации за кандидатите:

  1. Име и презиме, пол

  2. Датум на раѓање

  3. Професија и образование (вид и степен)

  4. Тениско искуство (како играч и/или тренер)

  5. Контакт телефон (мобилен)

  6. Е-пошта

Котизација за учество:

Постоечките Судии на стол кои сакаат да се пријават за модул Главни судии / Делегати, исто така треба да се пријават во наведениот рок.
Дополнителната котизација за овој модул изнесува 1.000,00 денари.

Број на учесници:

Бројот на учесници е ограничен (максимум 18–20 кандидати), според принципот прв пријавен – прв услужен.

📅 Краен рок за пријавување:
четврток, 12 февруари 2026 година
на е-пошта: sudiskonatprevaruvacki@tfsm.mk

Избраните кандидати се должни пред почетокот на курсот, а најдоцна до 16 февруари 2026 година да ја уплатат целосната котизација на следната жиро-сметка:

Тениска федерација на Северна Македонија
Жиро-сметка: 300 000 000 981 676
Банка: Комерцијална банка АД Скопје
Цел на дознака: Котизација за учество на ITF курс за судии – Национално ниво

Избраните кандидати ќе бидат писмено известени од страна на ТФСМ, а по извршената уплата ќе им бидат доставени сите потребни материјали за школото по електронски пат.

Сертификација и права:

Кандидатите кои успешно ќе го завршат курсот ќе имаат можност за ангажман на домашни и ITF турнири во текот на 2026 година.

Организација:

📞 За дополнителни информации:
Антонио Радојничкиќ – 071 362 857

Со почит,

Тениска федерација на Северна Македонија

Антонио Радојничкиќ
Администратор и 
Судиско-натпреварувачки комитет