VIP Професионален тенис Вести

Ивановски ги предводи македонските тенисери на турнирот во Скопје

29.06.2026

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Калин Ивановски ја предводи „петорката“ македонски тенисери на М25 Скопје турнирот „Мacedonian Open“. Ивановски учество на турнирот избори благодарение на својот пласман, а последниот викенд го заврши како финалист на турнирот во Загреб што треба да биде убава најава со надеж да ги продолжи добрите игри, како на мечевите од Дејвис купот во Молдавија, а потоа и на турнирот во Загреб. Ивановски во 2023 година го освои турнирот М25 Скопје.

Другите македонски тенисери учеството во главниот турнир го имаат со „вајлд карта“, а тоа се: Амар Хусеиновиќ, Стефан Мицов, Кристијан Јанев и Обрад Марковски (кој во саботата беше финалист во двојки на турнир во Куршумлијска Бања). Како учесник може да биде уште некој од македонските тенисери, кои се дел од квалификациите.

За очекување е македонските тенисери да се појават и во конкуренција на двојки, како заедно така и со некои други играчи.

Денеска попладне (понеделник) ќе бидат познати и костурите за главниот турнир во поединечна конкуренција, како и во конкуренција на двојки.

Турнирот се игра за награден фонд од 30.000 американски долари.