Професионален тенис Вести VIP Main

Ивановски го предаде мечот во второто коло на ИТФ турнирот во Пардубице

25.09.2026

Македонскиот тенисер Калин Ивановски денешниот меч од второто коло на ИТФ турнирот Пардубице 25 го предаде во вториот сет. Тој мечот го предаде при водство од 1-0 во сетови за противникот и 2:1 за него во гемови во вториот сет.

Поуспешен од него беше Германецот Клаус Пенинг. Во првиот сет се водеше голема борба, а единствениот брејк го направи Пенинг во 11.гем за водство од 6:5 и потоа го доби и следниот гем на свој сервис. Во вториот сет во трите одиграни гемови немаше ниту еден брејк, но Ивановски го предаде мечот.

Македонскиот дејвис куп репрезентативец во текот на летото имаше проблеми со повредата и ова за него беше втор турнир на кој настапи.

Ивановски за следната недела е пријавен за настап на турнир во романскиот град Слобозиа.