Професионален тенис Вести VIP Main

Ивановски го заврши настапот на Челинџерот во Палермо

06.10.2026

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 50 Палермо откако денеска во мечот од првото коло по 110 минути игра загуби од Шпанецот Алехандро Моро Кањас (5.носител) со 2-0 во сетови (62 63). Ивановски претходно успешни ги мина квалификациите откако постигна две победи против домашните тенисери Ла Вела и Арнаболди (двајцата носители во квалификациите).

Во првиот сет ривалот на Ивановски успеа да направи два брејка во четвртиот и осмиот гем и притоа го освои сетот со 6:2 во гемови. На стартот на вториот сет мечот беше во прекин поради дожд. Првите два гема од сетот пред дождот беа исцрпувачки за двајцата тенисери беа одиграни вкупно 30 поени (16+14). По 3:3 во сетот, во седмиот гем Ивановски имаше две брејк топки, но противникот ги спаси и во следниот гем направи брејк и повторно се стекна со предност и го освои сетот со 6:3.

Ова за македонскиот тенисер беше трет меч во три дена на Челинџерот во Палермо турнир што се игра за награден фонд од 56.700 евра.

Ивановски за успешно минатите квалификации освои три поени.