Професионален тенис Вести VIP Main

Ивановски избори финале на турнирот М25 во Загреб

27.06.2026

Македонскиот дејвис куп реперезентативец Калин Ивановски успеа да се пласира во финалето на М25 Загреб турнирот откако во полуфиналето го победи Божо Барун од Хрватска со 2-1 во сетови (64 36 63) за 150 минути игра и утре во финалето ќе игра против Кимоун Султанов од Узбекистан, кој спречи „македонско финале“ совладувајќи го Олег Приходко со 2-0 во сетови.

Ивановски со победа ја продолжи серијата добри игра по настапот за репрезентацијата и настапите на Универзитетот во САД. Тој се избори за своето деветто финале прво по август 2023, но повредите имаа големо влијание при неговите настапи.

Денешниот меч со Барун стартуваше околу 11 часот и 30 минути, но поради топлото време и неповолните временски услови по загревањето тенисерите се повлекоа. Мечот стартуваше нешто по 17 часот, а Ивановски во првиот сет со пет брејка имаше еден повеќе (3:2) и сетот го заврши со 6:4 во гемови. Во вториот сет имаше само еден брејк во шестиот гем за Барун, кој сетот го доби со 6:3. Во решавачкиот сет македонскиот тенисер одигра буквално подобро и од првиот сет и го доби со 6:3 со брејк во четвртиот гем што му овозможи мирна завршница на мечот.

Првиот носител Олег Приходко загуби од Султанов со 2-0 во сетови (63 61) за 96 минути игра. Во првиот сет Приходко имаше предност од 3:2 во гемови, но противникот успеа да направи мини серија од четири гема и сетот го заврши со 6:3. Во вториот сет ривалот на Султанов ја продолжи добрата игра и сетот го доби со 6:1 и избори пласман во финалето.