Професионален тенис Вести VIP Main

Ивановски ја мина првата пречка на ИТФ турнирот во Пардубице

23.09.2026

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успеа да го мине првото коло на ИТФ турнирот што се игра во чешкиот град Пардубице за награден фонд од 30.000 американски долари. Тој го победи домашниот тенисер Патрик Хомола со 2-0 во сетови (64 64).

На стартот од мечот имаше два брејк гема, прво Ивановски го загуби својот, но веднаш го врати со ри-брејк. Клучниот гем во првиот беше седмиот кога Ивановски направи брејк по 18 одиграни поени. Во вториот сет клучниот гем беше осмиот кога по 16 одиграни поени македонскиот тенисер изедначи на 4:4, а успеа да спаси три брејк топки. Во следниот гем веднаш направи брејк за водство од 5:4. Во последниот гем Ивановски не загуби поен и мечот го заврши со ас сервис.

Во следното коло Ивановски ќе игра против Клаус Пенинг од Германија, кој го елиминира Мартин Сукал од Чешка со 2-0 во сетови.    мн/