Професионален тенис Вести VIP Main

Ивановски поради повреда го предаде мечот од второто коло на ИТФ 25 Олерсбах

23.07.2026

Македонскиот тенисер Калин Ивановски во вториот сет од мечот од второто коло со Словенецот Бор Артнак го предаде мечот поради повреда. Тенисерите минаа околу 70 минути на теренот до моментот кога Ивановски се повлече.

Првиот сет му припадна на Артнак со 6:4 во гемови, откако успеа да направи брејк во третиот гем и да поведе со 2:1 во гемови. Ивановски во деветтиот гем успеа да спаси сет топка. Во вториот сет Артнак веднаш направи брејк и поведе со 1:0 во гемови по што македонскиот тенисер го предаде мечот.

Инаку, и во вчерашниот дуел од Русинот Александер Чајка, Ивановски во првиот сет побара медицински тајмаут по кој успеа да ги добие следните два сета.