Македонскиот тенисер Калин Ивановски го загуби финалето на М25 Загреб турнирот. Поуспешен од него беше Кумојун Султанов од Узбекистан, кој постигна победа од 2-0 во сетови (64 64) во меч што траеше 107 минути.
Ова за Ивановски беше деветто финале прво по август 2023 година и го претрпе четвртиот пораз во финален меч.
Во текот на мечот имаше само два брејка и двата ги направи Султанов. Во првиот сет брејкот го направи во петтиот гем што му донесе водство од 3:2 во гемови, а таа предност ја зачува до крајот на сетот.
Во вториот сет беше изедначено до 4:4 во гемови, а во следниот гем Султанов повторно го одзема сервисот на Ивановски и поведе со 5:4 што му го олесни патот за освојување на вториот сет.
Ивановски со статусот финалист од турнирот во Загреб, ќе настапи и на турнирот во Скопје што почна денеска со квалификациите.