Професионален тенис Вести VIP Main

Јанев стартува во првото коло, Митевска е слободна на стартот, а двајцата имаат и меч во мешани двојки

24.08.2026

Македонските тенисери ги дознаа ривалите на Медитеранските игри. Прв настап ќе има Дејвис куп репрезентативецот Кристијан Јанев, кој за противник го има Андреас Тимини од Кипар. Ривалот на Јанев (18 години), е две години повозрасен од нашиот тенисер и се наоѓа на 1.472 место на АТП листата. Почетокот на мечот е во 17 часот.

Сара Митевска во првото коло е слободна.

Сепак Сара и Кристијан утре ќе го имаат и дебитантскиот во мешани двојки и ќе играат против искусната кипарска комбинација Ралука Шербан и Елефтериос Неос. Почетокот на мечот е закажан за 20:30 часот.