Јуниорски тенис VIP Вести

Јована Атанасовска нова македонска тениска надеж

08.05.2026

Младата македонска тенисерка Јована Атанасовска имаше успешен настап на турнирот Прокупље Опен (на почетокот на месецов) за тенисери и тенисерки до 12 години. Македонската тенисерка во конкуренција на двојки на убедлив начин заедно со Лена Лазаревиќ од Србија го освоија турнирот.

Сите мечеви ги добија со 2-0 во сетови, притоа во првите два меча загубија само по три гема. Најголем отпор имаа во полуфиналето кога успеаја да ги совладаат Маја Фирер (Израел) и Марија Коршун (Украина) со 2-0 во сетови (62 и 76(3).

Јована и Лена во финалето ги победија Илина Берчеа и Софија Беу од Романија со 2-0 во сетови (62 и 63).

Во поединечна конкуренција Јована одигра два изедначени меча во кои противничките беа поуспешни, но двата ги загуби во решавачкиот сет на поени. Турнирот во Прокупље беше од категорија 2.

Во секој случај малата Јована почнува да чекори по стапките на Марина, Лина, Сара,...