Тенисерите на Југ постигнаа уште една убедлива победа откако денеска во мечевите од третиот ден го победија Поинтер со 5:0 и така продолжија со максималниот учинок по трите дуели. За разлика од нив за Поинтер ова беше прв пораз, по двете победи во претходните два дела.
Многу понеизвесно беше во вториот денешен дуел каде беа одиграни седум мечеви, а Мондано постигна победа од 4:3 против МТП.
Утре се играат последните два дуела, кои почнуваат во 9 часот, а двојките се: Југ – Мондано и Поинтер – Тумба.
Табела: Југ 3-0 (победи/порази), Поинтер 2-1, Тумба 2-1, Мондано 1-2 и МТП 0-4.
