VIP Вести Тренери VIP Main

Курс за тренери од Ниво 2 (Coaching Advanced players course)

09.10.2026

Почитувани клубови и тренери,

Во месец октомври и ноември 2026 во два дела, ТФСМ планира организација на Курс за тренери од Ниво 2 (Coaching Advanced players course). Курсот е во организација на Тениската Федерација на Македонија (ТФСМ) и по програма на Интернационалната Тениска Федерација (ITF). По завршување на овој курс кандидатите кои ќе ги положат сите тестови и задачи ќе добијат ITF сертификат кој е признаен од ТФСМ и од ITF. Првиот дел од курсот ќе започне на  26 Oктомври 2026. Местото на одржување ќе биде накнадно објавено.

 

Тутор на курсот ќе бидe:

Горан Шевченко – ITF Тутор за Play Tennis, Ниво 1 и Ниво 2

Право на пријава имаат сите тренери кои веќе го имаат поминато Ниво 1 (Coaching Beginner and Intermediate players course) курсот а кандидатите ќе бидат прифатени согласно резултатите од Ниво 1 курсот. Минималната бројка е 12 а максималната бројка на пријавени е 16 кандидати а рокот на пријава е: 16 Октомври 2026 до 12 часот, на следниот e-mail contact@tfsm.mk.

Во пријавата која треба да биде во форма на e-mail треба да го наведете името и презимето на кандидатот, мобилен број и e-mail адреса. Кандидатите треба да бидат потврдени и од нивниот матичен клуб.

Прифатените кандидати треба да извршат уплата до 20 Октомври 2026 година согласно информацијата подолу на следната Жиро сметка: 300000000981676, Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје.

Сите избрани тренери треба да уплатат годишна лиценца од 3500 денари и 14000 денари за посетување на курс согласно одлуките на ТФСМ. Назнака за уплата: Лиценца за 2026, курс од Ниво 2, и име и презиме на кандидатот;

Одлука за годишна лиценца:

https://www.mtftennis.mk/uploads/36_2026_16041770910659.pdf

Одлука за посетување курс:

https://www.mtftennis.mk/uploads/36_2026_17831770910659.pdf

Сите информации за тренерската едукација која ја извршува Тениската Федерација на Македонија може да се види во Правилникот на тренерскиот комитет и тениските тренери:

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/cfiles/Konecen-Trenerski%20pravilnik.pdf

 

Со почит,

ТФСМ