Годинашново издание на MACEDONIAN OPEN „влегува“ во својата завршница и остануваат да се одиграат уште пет мечеви во двете конкуренции (сингл и дубл). На големо задоволство на домашните љубители на тенисот во завршницата на сингл, меѓу полуфиналистите е македонскиот Дејвис куп репрезентативец Калин Ивановски, а денеска (сабота) полуфинале во конкуренција на двојки ќе играат и Обрад Марковски и Горазд Србљак.
Од четирите полуфиналисти единствено Калин Ивановски не е рангиран како носител, а воедно на патот до оваа рунда успеа да елиминира двајца од носителите: Андреј Чепелев (Русија – прв носител, 1. коло) и Александре Вајс (Италија – шести носител, четвртфинале).
Податоци за полуфиналистите.
КАЛИН ИВАНОВСКИ (МАКЕДОНИЈА) – 22. години
Ранг: 1.148 АТП место
Најдобар ранг: 305 место (16. октомври 2023)
Титули: 5 (2022 – Мадрид М15, Ираклион М15, Монастир М15, 2023 – Скопје М25, Крамсах М25)
2026 година: Финале Загреб М25
ЈАНАКИ МИЛЕВ (БУГАРИЈА) – 22. години
Ранг: 777 АТП место
Најдобар ранг: 443 место (26. август 2024)
Титули: 4 (2023 – Анталија (2), 2024 – Анталија М15, Куршумлијска Бања М15)
2026 - 1/2 финале Љубљана
ВЛАДИСЛАВ ОРЛОВ (УКРАИНА) – 31. година
Ранг: 493 АТП место
Најдобар ранг: 350 место
Титули: 10 (2019 – Ирпин М15, Џакарта М15, 2020 – Анталија М15, Шарм Ел Шеик М15, 2022 – Осиек М25, Пирот М25, Ерусалем М25, Бхилаи М15, 2024 – Крамсах М25, Сцавно М15)
2026 - 1/2 финале Кисељак, Сентенре
СТЕФАН ПОПОВИЌ (СРБИЈА) – 23. години
Ранг: 554 АТП место
Најдобар ранг: 410 место (20. мај 2024)
Титули: 6 (2026 – Анталија М15, 2025 – Куршумлијска Бања М15, 2024 – Куршумлијска Бања М15 (3), 2023 – Анталија М15)
2026 - победник Анталија
РЕЗУЛТАТИ НА ПОЛУФИНАЛИСТИТЕ НА MACEDONIAN OPEN 2026:
КАЛИН ИВАНОВСКИ
1/4 финале: Александре Вајс (И2626талија, 6. носител) 2-0 (76(5) 76(3))
ЈАНАКИ МИЛЕВ (БУГАРИЈА, 7. носител)
1/4 финале: Себастијан Соргер (Австрија, 3. носител) 2-0 (64 62)
ВЛАДИСЛАВ ОРЛОВ (УКРАИНА, 4. носител)
1/4 финале: Петар Јовановиќ (Црна Гора) 2-0 (60 62)
СТЕФАН ПОПОВИЌ (СРБИЈА, 5. носител)
1/4 финале: Николас Бруна (Чиле) 2-0 (64 76(2)
Ова ќе бидат први меѓусебни мечеви на Ивановски против Милев и на Орлов против Поповиќ.
Денешната програма на MACEDONIAN OPEN 2026 стартува во 11:30 часот, мечевите се играат на терените на ТК Југ во Градски парк. Полуфиналните мечеви во сингл на Централниот терен со почеток во 11:30 часот, а потоа следува и финалето во двојки.
Еден меч со почеток во 11:30 часот ќе се игра и на теренот број 5, а ќе настапат македонските тенисери Обрад Марковски и Горазд Србљак во полуфинале во двојки против Николас Бруна (Чиле) и Франциско Томас Гешвинд (Аргентина).
Влезот е слободен.
