Најмладата македонска претставничка на Медитеранските Игри во Таранто тенисерката Сара Митевска го загуби мечот во поединечна конкуренција на Медитеранските игри во Таранто. Таа попладнево беше поразена од фаворитката и четврта носителка Марта Матула од Грција со 2-0 во сетови.
Ривалката двата сета ги доби со 6:0 и 6:4 во гемови. За Митевска, која е БЏК куп репрезентативка на Македонија настапот во Италија беше големо искуство.
На тенискиот турнир покрај Митевска настапи и Кристијан Јанев, а двајцата имаа и настап во мешани двојки, но ги веќе ги завршија натпреварите.