Сара Митевска заедно со Андреја Глушкова од Бугарија и Кристијан Јанев и Ерион Незири се победниците во конкуренција на двојки на турнирот „Neocom open 2026“ што се одржува на терените на ТК Југ. Турнирот е од рангот Ј60 за тенисери и тенисерки до 18 години.
Митевска и Глушкова без поголеми проблеми со само еден загубен гем го добија финалето против Стилиани Нуцу од Грција и Антонија Станевска од Бугарија со 2-0 во сетови (60 61) и ја потврдија улога први носителки.
За разлика од женското во машкото имаше многу повеќе борба и неизвесност, македонските тенисери Јанев и Незири ги победија првите носители Албин Колет (Франција) и Диего Вагнер (САД) со пресврт со 2-1 во сетови (46 64 10-6 на поени).
Денеска се играат финалните мечеви во поединечна конкуренција Матја Путиќ (Србија) и Вагнер (САД) кај момчињата, додека кај девојчињата ќе играат Арина Фомина (Русија) и Сара Козма (Романија).
Ова е вториот од петте турнири што се играат во Скопје во младинска конкуренција, а веќе стартуваа и квалификациите на следниот турнир Југ Опен 2026.


