VIP Професионален тенис Вести

Македонските тенисери го стартуваат дуелот со Кипар

07.02.2026

Дејвис куп репрезентацијата на Македонија денеска го почнува дуелот против Кипар на теренот на противникот. За денеска се предвидени два сингл меча (се игра во два добиени сета). Прв на теренот ќе се појави Амар Хусеиновиќ во меч против нивниот прворангиран играч Мелиос Ефстатиу, а 15 минути по завршувањето на овој меч на теренот ќе се појават Стефан Мицов за Македонија и Фотос Фотиадес.

Во нашиот тим се уште младите тенисери Кристијан Јанев и Марко Алексовски.

За утре се планирани како прв мечот во двојки, а потоа двата сингл меча.

Дејвис куп натпреварувањето е знае да донесе изненадувања, а во моментов Кипар е подобро рангирана репрезентација од македонската, но настапот во националниот тим носи многу мотивација и подвизи.

Ова е четврти дуел против Кипар, кој во меѓусебните мечеви води со 2:1 во победи.

Почетокот на денешната програма е во 10 часот.