Втор пораз за македонската женска тениска репрезентација на Били Џин Кинг купот од Втората Евро-африканска зона што се игра во Бања Лука. Денеска првиот фаворит во групата Б селекцијата на Бугарија избори максимални 3:0.
Во првиот меч на „второрангираните“ Лидија Енчева ја победи Зара Зафировска со 2:0 во сетови (6:1 и 6:2), а во вториот меч Денислава Глушкова ја совлада Сара Митевска со 2:0 во сетови (6:1 и 6:0). Во третиот меч во двојки селекторите на двете репрезентации (Кристијан Вангелов – Македонија и Магдалена Малеева) се решија на теренот да бидат тенисерките што не ги играа сингл мечевите. Јана Божиновска и Ана Митевска загубија од Росица Денчева и Елизара Јанева со 2:0 во сетови (6:0 и 6:4).
До крајот на натпреварувањето младите македонски тенисерки ќе играат утре против Јужна Африка, а в петок против Мароко и во сабота е мечот за пласман.
Фото: Милош Руњиќ