Новата календарска година значи и нов почеток на сезоната во тенискиот свет. Тоа не важи само за сениорите, туку и за најмладите. Македонскиот тенис минатата година имаше успешен претставник во младинска конкуренција. Тоа беше Марко Алексовски, кој сезоната во конкуренција на тенисери до 14 години ја заврши на 10.место, а до 16 години ја заврши на 25.место. Марче, како што и го викаат најблиските со тенисот е веќе девет години.
Зошто го одбра тенисот како спорт и на која возраст почна да тренираш?
Тенис започнав да играм (тренирам) на 5 години, сега има 14 години (следниот месец Марче ќе наполни 15). И вели едноставно се заљубив во овој спорт.
Колку пати во денот тренираш, а колку во неделата?
Во текот на денот тренирам меѓу 4-5 часа, а имам одмор во недела или еден ден во неделата како и секој спортист. За време на турнири секогаш имам загревање пред меч 30-40 минути. Да почувствувам удар, да се подготвам да одиграм најдобро, да се прилагодам и секако да потрудам да победам. Во зависност од одиграниот меч, некогаш ми е потребен ми е подолг одмор. Ако немам друг меч, а одиграниот бил полесен може да направам уште еден лесен тренинг.
Ланската година (2025 година) може да се каже дека ти беше успешна?
Ланската година година ми беше успешна. Освоив осум сингл турнири и три во двојки од Tennis Europe. Турнирите беа од категорија 1, 2, 3. На секој турнир се борев максимално и тој труд се исплатеше.
Имаше и настап како дел од тимот на Tennis Europe?
Таму бев заедно со група тенисери од Европа и тоа беше огромно искуство за сите нас. Таму беше и тренерот Горан Шевченко. Тоа беше одличен настап играв на четири турнири во Белгија, Германија и два во Шпанија. Успеав да триумфирам на турнирот во Барселона, Шпанија. Играв против најдобрите деца-тенисери од целиот свет, тоа се тимови од сите континенти, огромно искуство видов дека сум еден од најдобрите таму. Освоив турнир од Категорија 1 што многу ми значи, а само со многу работа можам да бидам меѓу најдобрите во светот. За време на сите тие настапи работевме напорно, мораше да се покаже редовност и дисциплина бидејќи без тоа нема успех.

На кој турнир сакаш да играш?
Имам желба да играм на Грен слем турнири и да победам на што е можно повеќе турнири на кој ќе настапувам
Кои се твоите планови за 2026 година?
Да станам ТОП 10 играч во конкуренција на тенисери до 16 години со моја 15 годишна возраст, да почнам да играм ИТФ турнири до 18 години и тука да бидам во првите 1.000 и да се испробам на некој фјучрс турнир.

Поддршка од семејството?
Благодарност до семејството секогаш се тука да ми помогнат физички со присуство на турнири, а со тоа и психички да ме бодрат, а секако и финансиски. Тие ми се најголема поддршка.
Во 2025 година Алексовски настапи на околу 30 турнири, а имаше 8 сингл победи на турнири (Подгорица U16 – Категорија 3; Скадар U16 – категорија 3; Барселона U14 – категорија 1; Скопје МТП Опен U14 – категорија 3, Битола U14 – категорија 3; Улцињ U14 – категорија 2; Скопје Југ Опен U14 – категорија 3 и Анталија U14 – категорија 2), како и 3 турнирски победи во двојки (Подгорица U16 – Категорија 3; Скадар U16 – категорија 3 и Улцињ U14 – категорија 2).
Марко е ученик во деветто одделение во ОУ „Браќа Миладиновци“. Покрај тенисот, кога има време знае да гледа и кошарка. Негов идол е Новак Ѓоковиќ и желба да постигне резултати како него.
Марче досега има освоено 20 титули (11 сингл – 9 двојки) на настапи на турнири од 12 до 16 години, а веќе се подготвува за новата сезона и два турнира од Tennis Europe на Кипар (12.јануари).